Ману Чао повторно доаѓа во Македонија, како своевидна најава на новото издание на фестивалот Таксират. Омилениот француско-шпански музичар ќе одржи акустичен концерт во Младински културен центар во Скопје на 26 септември, со почеток во 20 часот.
Како што објави организаторот „Пасворд продукција“, на сцената ќе го придружуваат уште двајца музичари.
Скопје и Македонија често се на мапата на настапи на Ману Чао, кој во последно време одржува поинтимни концерти во помали простори.
Картите се веќе пуштени во продажба, а првите 200 се по цена од 700 денари.