„ИГРА НА ЛИГНИ“ СТАНА ПРВА АЗИСКА СЕРИЈА КОЈА ОСВОИЛА ЕМИ НАГРАДИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Игра на лигни“ испиша историја откако стана прва азиска серија која освоила Еми награди. Глобалната сензација на „Нетфликс“ се закити со вкупно шест награди, меѓу кои се истакнуваат за најдобар актер во драмска серија (Ли Џунг-џае) и за најдобра режија (Хванг Донг-хјук).

Втора година по ред, „Наследство“ и „Тед Ласо“ се прогласени за најдобра драмска, односно хумористична серија.

Ова е голема недела за наследниците: има нов крал во Велика Британија, ова за нас. Очигледно, во нашата победа имаше многу повеќе гласање отколку кај принцот Чарлс“, се пошегува креаторот на „Наследство“, Џеси Армстронг, кој е Британец.

Зендаја освои Еми за најдобра актерка во драмска серија за „Еуфорија“, а најдобри актери во хумористична серија повторно се Џејсон Судеикис („Тед Ласо“) и Џин Смарт („Hacks“).

Мајкл Китон („Dopesick“) и Аманда Сајфрид („The Dropout“) се најдобри актери во минисерија, што е прва Еми награда за нив. Најдобра минисерија е „The White Lotus“.

(Фото: Гети)