„ГУГЛ“ ЌЕ ИНВЕСТИРА 2,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ГРЦИЈА И ЌЕ ОТВОРИ 20.000 РАБОТНИ МЕСТА

Атина, (Ројтерс)

„Гугл“ објави дека ќе воспостави своја инфраструктура за услуги во облак (cloud services) во Грција, давајќи ѝ поттик на земјата во обидите да стане светски технолошки центар.

Договорот предвидува инвестиции од 2,2 милијарди евра и отворање околу 20.000 работни места до 2030 година, кажа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Пред две години, и „Мајкрософт“ најави дека ќе гради три центри за податоци во областа на Атина, во инвестиција вредна една милијарда долари.

Како што беше кажано, новата инвестиција ќе им овозможи на организациите подобро да ги користат нивните податоци, ќе помогне да се намали латентноста и ќе ја зголеми безбедноста на корисниците од сајберзаканите.

Клауд одделот на „Амазон“ исто така ја отвори својата прва канцеларија во Грција лани.

(Фото: Твитер)