ЏОН ИЛИЈА АПЕЛГРЕН СО ЗВУЦИТЕ НА БРАЗИЛ УТРЕ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Џон Илија Апелгрен утре ќе го одржи вториот концерт од серијата „Музичка прошетка“, кој ќе биде посветен на звуците на Бразил.

Откако минатата година пееше француски шансони на француски јазик, Апелгрен овојпат ќе претстави дел од бразилското музичко богатство преку боса новата, самбата и џезот, а изведбите ќе бидат на португалски јазик. Тој повторно ќе биде придружуван од неговиот десетчлен бенд, составен од некои од најдобрите џез музичари во Македонија.

Композициите се во нови, оригинални аранжмани од младиот џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски, кој во овој проект е во улога на бенд лидер и пијанист.

Концертот „Звуците на Бразил“ ќе се одржи во Филхармонијата, со почеток во 20:30 часот. Цената на влезниците е 600 денари.

(Фото: Фејсбук)