„ТОПКА ОД ПЧЕЛИ“ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ДИВ СВЕТ ЗА 2022

Лондон, (Би-Би-Си)

Момент кога машки пчели обвиткуваат една женка победи на годинашниот избор за најдобра фотографија на див свет. Неверојатната фотографија е дело на Карин Ајгнер, која вели дека ѝ биле потребни неколку недели за да ја сними на ранч во јужен Тексас.

Поминав доста време со стомакот во прашината“, изјави Ајгнер.

Американката е само петта жена која ја освоила главната награда во 58-годишната историја на изборот.

Фотографијата е извонредна. Има толку многу енергија во неа“, изјави претседателката на жирито Роз Кидман Кокс.

Ова е едно од најпрестижните натпреварувања во овој тип на фотографија, а денес го организира Природонаучниот музеј во Лондон. Оваа година имало 38.575 пријави од 93 држави.