Публиката цела година ќе одлучува која песна била најслушана до следното издание на Фестивалот на забавни мелодии Макфест во Штип.
Триесет и седмото издание на фестивалот заврши синоќа, а новина е што оваа година фестивалот немаше натпреварувачки карактер. На ревијалната вечер синоќа се слушнаа 18 песни на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, каде што по две години поради пандемијата се врати во оваа сала.
Новина е што публиката во текот на годината ќе одлучи која песна ќе биде најслушана, а на 38.издание на Макфест во 2023 ќе се додели парична награда.
На ревијалната вечер се слушнаа новите песни на Тамара Тодевска, Ален Исламовиќ, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Мартијан Кириловски.