ТРАЈЧЕ ЧАТМОВ СО ИЗЛОЖБАТА „ИНТИМНО ПОНИРАЊЕ“ ВО РОДНИОТ ВЕЛЕС

Велес, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
????????????????????????????????????

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба на сликарот Трајче Чатмов, со која се одбележа денот на општината – 9 Ноември. На изложбата насловена „Интимно понирање“ се претставени 40-ина дела во акрилна техника.

„Мотивите се различни, делата се дел од една серија на творење која уште трае. Тоа се лични моменти, создавани кога си сам, кога комуницираш сам со себе“, кажа Чатмов.

Дел од сликите се претставуваат првпат во јавност, а дел веќе биле изложени на неговите изложби во Куманово и Скопје.

Промотор на изложбата беше Гоце Наневски, професор на Факултетот за ликовни уметности.

Трајче Чатмов дипломирал на ФЛУ во класата на Рубенс Корубин, а магистрирал во класата на Родољуб Анастасов.

П. ПЕЧКОВ