УМЕТНИЧКАТА КОЛЕКЦИЈА НА КООСНОВАЧОТ НА „МАЈКРОСОФТ“, ПОЛ АЛЕН, СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 1,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Ројтерс)

Десетици дела на уметници како Сезан, Ван Гог и Ботичели постигнаа вкупна цена од 1,5 милијарди долари на „аукцијата на векот“, на која во понуда беше уметничката колекција на покојниот коосновач на „Мајкрософт“, Пол Ален. Аукциската куќа „Кристис“ кажа дека ова е најголемата сума досега постигната на една аукција, а според желбите на Ален, кој почина во 2018, парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ален лично ги купувал сите дела, кои опфаќаат период на создавање од 500 години, место да се потпира на посредници.

Меѓу највредните дела беа слики од Жорж Сера и Пол Сезан, кои се продадоа за 149,2, односно за 137,8 милиони долари. И дела од Винсент ван Гог, Густав Климт и Пол Гоген постигнаа цена од над 100 милиони долари.

Ален беше човек кој навистина добро ги разбираше уметноста и поединечната вредност на уметничките дела. Мислам дека ваква аукција на ремек-дела, чиј распон на создавање е 500 години, досега не е видена“, изјави претседателот на „Кристис“, Јуси Пилканен.

(Фото: Гети)