ЏЕФ БЕЗОС ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГО ДОНИРА БОГАТСТВОТО ОД 124 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, потврди дека планира да донира најголем дел од своето богатство од 124 милијарди долари во текот на животот. Тој кажа дека ќе ги донира парите за борба против климатските промени и за намалување на нееднаквоста.

Своевремено најбогатиот човек на светот претходно беше критикуван што не помага доволно хуманитарни цели и ги троши парите на патувања во вселената.

Ворен Бафет, Бил Гејтс и бившата сопруга на Безос, Мекензи Дејвис, исто така ветија дека ќе донираат најголем дел од своите милијарди.

Откако ѝ додели награда од 100 милиони долари на пејачката Доли Партон, Безос беше запрашан дали планира да го донира своето богатство.

Да, ќе го направам тоа. Тешкиот дел е како да се изведе тоа“, кажа Безос.

Тој стана најбогатиот човек на светот откако неговата компанија „Амазон“ се претвори во глобален феномен. Лани се повлече од функцијата извршен директор, но остана претседател на управниот одбор.

(Фото: АП)