НЕ ЗНАЕВ ДЕКА „КРЕНБЕРИС“ МУ ПОСВЕТИЛЕ ПЕСНА НА СИН МИ, КАЖА ТАТКОТО НА ЖРТВА НА БОМБАШКИ НАПАД

Даблин, (Би-Би-Си)

Таткото на една од жртвите на бомбашки напад на Ирската републиканска армија во 1993 година ѝ оддаде почит на пејачката на „Кренберис“, Дороти О‘Риордан, која ненадејно почина вчера.

Колин Пери изјави дека сѐ до вчера не бил свесен дека еден од најголемите хитови на групата, „Зомби“, е посветен токму на неговиот 12-годишен син Тим, кој загина заедно со тригодишниот Џонатан Бол, кога ИРА детонираше две бомби во Чешир.

Кренберис“ ја снимија песната во 1994 година во чест на двете момчиња.

Колин Пери изјави дека сѐ до вчера не бил свесен дека песната „Зомби“ е посветена и на неговиот 12-годишен син Тим

Отсекогаш сум бил трогнат од текстот на песната, но не го знаев нејзиното значење сѐ до смртта на пејачката. Дури вчера дознав дека групата, или таа самата, ја компонирала песната во сеќавање на настаните во Ворингтон. Досега бев целосно несвесен за тоа. Зборовите од песната се и величествени и моќни, особено што доаѓаат од ирски бенд“, изјави Колин Пери.

Иако сѐ уште не е позната причината за смртта на 46-годишната пејачка, полицијата објави дека нема сомнителни околности.

Благодарение на уникатниот моќен глас на О‘Риордан, „Кренберис“ остварија голем меѓународен успех во 90-ите години, продавајќи 40 милиони албуми.