ЈА ПРЕТВОРИ СТРАШНАТА ДИЈАГНОЗА ВО ХРАБРА МИСИЈА – МАЈКЛ ЏЕЈ ФОКС ПРИМИ ПОЧЕСЕН ОСКАР

Лос Анџелес, (АП)

Мајкл Џеј Фокс викендов прими почесен Оскар откако помогна да се соберат 1,5 милијарди долари за истражувањата на Паркинсоновата болест.

Ѕвездата на серијалот „Враќање во иднината“ на 29 години дозна дека боледува од ова нервно нарушување. Подоцна ја стави актерската кариера во втор план и во 2000 година основа фондација која го помага истражувањето да се најде лек за болеста.

Најтешкиот дел од дијагнозата беше соочувањето со неизвесноста. Долго време ја криев зашто мислев дека публиката нема да се смее ако знае дека сум болен“, изјави 61-годишниот Фокс, кој беше придружуван од сопругата Трејси.

Не можам да одам и да ја носам оваа работа, па уште еднаш ќе мора да побарам помош од Трејси“, се пошегува Фокс.

Тој го прими Оскарот од својот пријател и колега Вуди Харелсон.

Мајкл ја претвори застрашувачката дијагноза во храбра мисија“, кажа Харелсон.

Покрај Фокс, почесна статуетка добија и Дајен Ворен, која дури 13 пати беше номинирана за Оскар за најдобра песна и режисерите Питер Вир и Јужен Палси.

(Фото: АП)