СЛАВЧО СПИРОВСКИ СО ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Скулпторот Славчо Спировски синоќа ја отвори изложбата „Аголност на илузијата на пакетирањето“ во македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) во Загреб, велат од Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

„Творештвото на Славчо Спировски е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста, кои се темелат на сопствената и светската традиција и личната историја“, кажа кустосот на Националната галерија на Северна Македонија, Горанчо Ѓорѓиевски, на отворањето на изложбата.