МЕСИ ЈА ОДВЕДЕ АРГЕНТИНА ДО ТРЕТАТА СВЕТСКА ТИТУЛА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Аргентина ја совлада Франција во незаборавното финале на Мундијалот во Катар, кое го решаваа пенали (4:2 по 3:3 за 120 минути игра) и по третпат стана светски првак. Генерациите на Марио Кемпес од 1978 и Диего Марадона од 1986 ги наследи онаа на Лео Меси, кој го дочека својот момент на слава и бесмртност на последниот настап на светските првенства.

(Фото: АП)

Меси беше прогласен и за најдобар играч на првенството, на кое постигна седум гола, од кои два во финалето.

(Фото: АП)
(Фото: АП)
(Фото: АП)
(Фото: Гети)