НАУЧНИЦИТЕ ПРВПАТ ОТКРИЈА БЕБИЊА НА РОЗОВА ИГУАНА НА ГАЛАПАГОС

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Научниците првпат открија бебиња и млада популација на розова игуана на Галапагос. Ова загрозено животно, кое дури во 2009 година беше прогласено за посебен вид, живее на само еден остров на Галапагос и ова е првпат да се пронајдени млади примероци.

Розовите игуани живеат на падините на вулканот Волф на островот Изабела и се верува дека нивниот број е само неколку стотици на цел свет. Тие можат да пораснат до 50 сантиметри во должина, а првпат биле откриени од чуварите на националниот парк во 1986 година.

Нивниот опстанок го загрозуваат видови донесени на островот, како глодари“, велат од паркот.

Галапагос е вториот најголем природен резерват на светот и дом на некои од најегзотичните животни.

(Фото: Шатерсток)