ЛЕО МЕСИ ПОСТАВИ 12 РЕКОРДИ ПРИ ОСВОЈУВАЊЕТО НА СВЕТСКАТА ТИТУЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Лео Меси во неделата ја предводеше Аргентина до третата светска титула и со тоа го оствари и својот најголем сон. На патот до титулата постави дури 12 рекорди, кои само ја дополнуваат неговата големина.

  • Финалето во Катар беше неговиот 26. настап на светските првенства, со што го надмина Лотар Матеус.
  • Девет асистенции на мундијалските мечеви.
  • Прв играч кој постигнал гол во сите фази од натпреварувањето на едно СП (групи, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале).
  • Најмногу одиграни минути на СП – 2.314. Досегашниот рекордер беше Паоло Малдини со 2.217.
  • Единствен фудбалер кој имал асистенција на пет мундијали.
  • Единствен аргентински репрезентативец кој постигнал гол на пет СП.
  • Најмногу мечеви на СП како капитен – 18.
  • Играч кој учествувал во постигнувањето на најмногу голови – 13 пати стрелец, девет пати асистент.
  • Најмлад фудбалер со одиграни пет мундијали.
  • Најмногу добиени награди за играч на натпреварот – 11.
  • Првиот гол на СП го даде на 16 јуни 2006, а последниот на 18 декември 2022, што е најголемата разлика досега.
  • Најстар играч на СП кој дал гол и асистирал на еден натпревар.

(Фото: АП)