КНИЖАРНИЦИТЕ ВО ЛОНДОН ОТВОРИЈА НА ПОЛНОЌ ПОРАДИ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА МЕМОАРИТЕ НА ПРИНЦОТ ХАРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Книжарниците низ Лондон отворија на полноќ поради големиот интерес за новата книга на принцот Хари, која официјално почна да се продава денеска. Фановите направија редици пред книжарниците за да дојдат до примерок на мемоарите „Spare“, во кои Хари откри нови сочни детали за својот живот и за односите во своето семејство.

И пред да се најде во продажба, наводите од книгата почнаа да излегуваат во јавност поради бројни протекувања и предвременото излегување во Шпанија, наводно по грешка.

Издавачката куќа „Вотерстоунс“ соопшти дека книгата на Хари е една од најбараните во последните десет години. Книгата со 410 страници истовремено почна да се продава во цел свет и тоа на 16 јазици.

Таа открива тензии и лични конфликти во британското кралско семејство и ја прикажува верзијата на Хари за неговото растење. Бакингамската палата и палатата Кенсингтон досега не коментираа ништо за книгата, во која, меѓу другото, се вели дека Вилијам физички го нападнал Хари при една расправија за Меган Маркл, а браќата го молеле татко им да не се мажи за Камила.

Хари открива дека при воената служба во Авганистан убил 25 талибански борци и дека уште на 17 години пробал кокаин. Битен дел од книгата е и неговото справување со смртта на мајка му, принцезата Дијана.

(Фото: АП)