МУЗИКАТА ОД ФИЛМОТ „ГОЛЕМАТА ВОДА“ ОБЈАВЕНА ВО ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
55295.002 HR

Издавачката куќа „Филтер лабел“ ја објави музиката од филмот „Големата вода“ во дигитално издание, што лани беше направено и со музиката од „Прашина“ на Милчо Манчевски. Саундтракот за „Големата вода“ на режисерот Иво Трајков е напишан од Кирил Џајковски.

Меѓу 15-те композиции од ова издание има динамични, драматични, перкусивни теми, но и нежни, елегантни, интроспективни нумери, велат од „Филтер лабел“.

Големата вода“ ја освои наградата за најдобра музика на Филмскиот фестивал во Валенсија. Албумот од денеска може да се најде на сите дигитални музички сервиси.