ЌЕ СЕ ПРОДАВА ЛЕГЕНДАРЕН ДРЕС НА КОБИ БРАЈАНТ, СЕ ОЧЕКУВА ЦЕНА МЕЃУ 5 И 7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (АП)

Легендарен дрес на покојниот Коби Брајант ќе се продава на аукција и се очекува да постигне цена меѓу пет и седум милиони долари. Брајант го носел дресот во сезоната 2007/08, во која беше прогласен за најкорисен играч (МВП).

Фотографијата на Коби во овој дрес служеше како инспирација низ цел свет“, изјави Брам Вочер од аукциската куќа „Сотбис“.

Сега веќе легендарната фотографија од Коби беше снимена на 23 април 2008. Откако постигна тројка за водство на Лос Анџелес Лејкерс од 14 коша, Брајант вресна и го истегна дресот со број 24.

Брајант го носеше дресот на 25 меча за период од осум месеци и имаше просек од 25,8 поени по натпревар“, додаде Вочер.