ВО НОРВЕШКА ОТКРИЕН НАЈСТАРИОТ КАМЕН СО РУНСКО ПИСМО НА СВЕТОТ

Осло, (АП)

Норвешките археолози пронашле рунски камен за кој велат дека е најстар на светот. Тие рекоа дека натписите се стари околу 2.000 години и потекнуваат од најраните денови на мистериозната историја на рунското писмо.

Рамниот, квадратен блок од кафеав песочник содржи издлабени чкртаници кои би можеле да бидат најраниот пример на запишани зборови во Скандинавија, велат од Музејот на културната историја во Осло.

Ова откритие ќе ни даде многу сознанија за употребата на руните во раната Железна доба. Ова би можел да биде еден од првите обиди за користење руни во Норвешка и Скандинавија“, изјави Кристел Цилмер од Универзитетот во Осло.

Постари руни се пронајдени на други предмети, но не на камен.

Овој камен бил откриен во 2021 при ископувањата на гроб западно од Осло. Други пронајдени предмети навестуваат дека руните биле издлабени меѓу првата и 250 година. Со големина 31 со 32 сантиметри, каменот содржи неколку вида натписи и не сите имаат лингвистичка смисла.

Руните се букви од неколку германски азбуки кои биле користени во северна Европа од древните времиња до усвојувањето на латиницата.