Заврши снимањето на краткометражниот игран филм „Чудата во земјата на Алисите“, кој е проект на Колектив Ветерница, а во актерската екипа се 17-мина членови на инклузивниот ансамбл „Трисомија 21 Скопје“. Снимањето траеше четири дена на професионален филмски сет, а го реализираше „Троика студио Скопје“, независна филмска продукција, поддржана од донаторскиот кружок на „Конект“.
„Алиса“ е црно-бела визуелна наратива која влегува во еден надреален свет на ликови кои се во постојан конфликт со сите околу нив, а најмногу со себеси. Филмот патува од лик до лик, го трансформира својот протагонист од сцена во сцена, за на крај, секој на свој начин да открие како да се ослободи од личното стаклено ѕвоно.
Ова е втор краток филм на Колектив Ветерница.