Од денеска продолжува со работа базенот во арената „Борис Трајковски“ во скопски Карпош.
Базенот еден месец, односно цел јануари, не работеше оти се чистеше. Како што велат од „Борис Трајковски“, извршено е темелно чистење на базенот, сите негови пропратни содржини и на системите за филтрација на водата. Санирани се оштетените површини и инсталирано е ново лед-осветлување.