ПРОДОЛЖУВА СО РАБОТА БАЗЕНОТ ВО АРЕНАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска продолжува со работа базенот во арената „Борис Трајковски“ во скопски Карпош.

Базенот еден месец, односно цел јануари, не работеше оти се чистеше. Како што велат од „Борис Трајковски“, извршено е темелно чистење на базенот, сите негови пропратни содржини и на системите за филтрација на водата. Санирани се оштетените површини и инсталирано е ново лед-осветлување.