Скопската зоолошка градина утре, со почеток во 12 часот, организира хуманитарен настан насловен „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.
„Оваа сабота, со поддршка од Град Скопје, во Зоолошка градина ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно. Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации на Црвен крст на Град Скопје, отворена за оваа намена“, соопшти Скопје ЗОО.
На настанот ќе се обратат волонтери кои помагаа во Турција, а во забавниот дел ќе настапат Стела и Сани и Градскиот мешан хор Вардар.