ОТКРИЕН СКРИЕН ХОДНИК НАД ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ ВО КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА ВО ГИЗА

Каиро, (Би-Би-Си)

Египетските археолози го потврдија постоењето на скриен ходник сместен над главниот влез во Кеопсовата пирамида во Гиза. Видео снимено со едноскоп ја покажува внатрешноста на ходникот, кој е девет метри долг и 2,1 метар широк.

Официјалните лица велат дека ходникот можеби бил создаден за да се прераспредели тежината на пирамидата околу влезот или друга сè уште неоткриена одаја.

Тој првпат бил детектиран во 2016 со помош на неинвазивна техника наречена муографија, со која бил откриен празен простор зад северното лице на пирамидата, околу седум метри над главниот влез.

Новите снимки покажуваат празен ходник, но ќе продолжиме со скенирањата за да видиме што можеме да пронајдеме под него или барем до крајот на овој ходник“, изјави Мостафа Вазири, шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети.

Кеопсовата пирамида е висока 146 метри и иако е еден од најстарите и најголеми споменици на светот, во науката не постои консензус околу тоа како била изградена.

(Фото: ЕПА)