По премиерата во Венеција и учеството на фестивалот во Торонто, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска почнува со меѓународната кинодистрибуција, прво во шест европски земји.
Во Франција, филмот ќе се прикажува во 37 киносали низ целата земја, а потоа ќе игра и во Шведска, БиХ, Данска, Италија и Швајцарија. Дистрибутерската куќа „Теодора“ најавува кинодистрибуција на „Најсреќниот човек на светот“ низ цела Италија, која почнува во април.
Овој и следниот месец, филмот ќе биде во програмата на 12 фестивали во САД, Бугарија, Колумбија, Шпанија, Франција, Полска, Турција и Австрија. Потоа ќе се прикажува и во кината во Јужна Америка, Азија и други европски земји.