Петмина македонски репрезентативци настапуваат на Европското првенство во снукер, чиј домаќин е Малта. Со селекцијата работеше прославениот англиски играч на снукер Најџел Бонд, а најдобри резултати се очекуваат од двократниот првак на Македонија, Берат Јашари.
Покрај него, во тимот уште се Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев.
„Во овој момент, Јашари се издвојува и мислам дека тој може да изненади некого на Малта. Има капацитет за тоа. И Панов има природен талент, а другите се веднаш зад нив. Би типувал дека Берат има шанса да влезе во елиминациските дуели“, изјави Бонд, кој ги предводеше подготовките на македонските играчи.
На последното ЕП во Албанија, ниеден македонски играч не успеа да се пласира во елиминациската фаза.