Македонската претставничка Ана Стојаноска го освои 16. место на Детската Евровизија, која се одржа вчера (24 октомври) во Та Кали, Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои шест од стручното жири и 51 од публиката.
Победник на 24. издание на Детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Ова е трета победа за Ерменија на натпреварот, по оние во 2010 и 2021 година. Второто место го освои Шпанија со 184 поени, а трета беше Франција со 165 поени.
Ана настапи под реден број 12, меѓу претставниците на 16 земји. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.
За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.
Фото: ЕБУ