Изложбата „Врамена различност“ на Мартин Џепароски ќе се отвори утре во 19 часот во Порта Македонија во Скопје.
„Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите помеѓу луѓето и животните. Светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави се толку различни: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и мутирано“, се вели во најавата на изложбата.
Џепароски е роден во 1991 во Скопје, а дипломирал вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2015.