Во издание на Форумот на словенските култури од Љубљана излезе словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев, соопшти издавачката куќа „Прозарт медиа“. Преводот е на Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото.
Овој форум вмрежува и поврзува 13 словенски литератури во едицијата 100 словенски романи.
„Ѕиркачот“ е третата книга на Прокопиев преведена на словенечки, по „Пловидба кон југ“ (2008) и „Делфин“ (2020). Објавен во 2007, овој роман досега е преведен и на англиски, италијански и српски јазик.