ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „ЧОВЕЧУЛЕЦ“ НА АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ ОБЈАВЕНА НА БУГАРСКИ

Скопје, (СМАРТСДК.МК)

Збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев е издадена на бугарски јазик во превод на Деница Проданова. Книгата ја објави софиско книгоиздателство „Персеј“. „Човечулец“, добитник на награда Балканика за 2011, досега е објавена и во Британија, Италија, Полска, Египет, а со бугарскиот се заокружуваат преводите на балканските јазици – турски, српски, хрватски, бугарски и албански.

 

„Оригинален, со чувство за хумор и ерудиција, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал волшебна и остроумна книга, што ќе ни даде уникатно читателско уживање. Тој раскажува за вината и прошката, за товарот на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи стории со приказни, легендарни и митолошки мотиви. Така писателот прави свои интерпретации на ‘Дивите лебеди’ и ‘Снежана’ или ни го покажува светот низ очите на грдото вонбрачно дете, на човекот со едно крило кој се пресвртува во цар на птиците, на туѓинецот што припитомил змиулче, на алхемичарот кој се обидува да создаде човече под стаклено ѕвоно“, вели „Персеј“ за „Човечулец“.

 

Македонското издание е на „Магор“.