Младата ѕвезда на серијата „Чудни нешта“, Мили Боби Браун, објави дека се свршила со своето момче Џејк Бонџови, со кого е во врска две и пол години. Дваесетгодишниот Бонџови исто така е актер и син на пејачот Џон Бон Џови.
„Те сакам веќе три лета, ги сакам сите“, напиша 19-годишната Браун на Инстаграм.
Браун и Бонџови потврдија дека се во врска во јуни 2021.
Таа имаше само 12 години кога излезе првата сезона на „Чудни нешта“ и потоа стана една од најголемите детски ѕвезди во Холивуд. За улогата што ја прослави двапати беше номинирана за Еми.
(Фото: АФП)