СВЕТСКАТА ГУДАЧКА АТРАКЦИЈА „БОНД“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА 19 МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Светската гудачка атракција „Бонд“ ќе настапи во Филхармонијата на 19 мај, објави организаторот „Авалон продукција“. Овој женски квартет е основан во Лондон во 2000 и се состои од виолинистките Тања Дејвис и Иос Каунсел, виолистката Елспет Хенсон и виолончелистката Геј-Ји Вестерхоф.

Често нарекувана „Спајс грлс на класичната музика“, групата досега има објавено пет студиски албуми и две компилации, продадени во над пет милиони примероци. Нејзината музика претставува спој на класика и поп.

Картите по цена од 2.000 и 3.000 денари ќе бидат во продажба од среда.

(Фото: Фејсбук)