АКТИВИСТИ КОИ ПОБЕДИЈА РУДАРСКИ ГИГАНТИ МЕЃУ ГОДИНАШНИТЕ ДОБИТНИЦИ НА ЕКОЛОШКАТА НАГРАДА ГОЛДМАН

Њујорк, (АП)

Активисти кои победија големи рударски компании се меѓу годинашните добитници на престижната еколошка награда Голдман, со која веќе 34 години им се оддава признание на неуморните борци за заштита на животната средина. Шестемина добитници доаѓаат од Бразил, Замбија, Индонезија, САД, Финска и Турција.

Алесандра Корап Мундуруку, лидерката на амазонското племе Мундуруку, е наградена за успешната кампања против обидите на рударскиот гигант „Англо Американ“ да ископува на земјата на нејзината заедница. Како резултат на нејзините напори, во 2021 компанијата повлече 27 одобрени барања за ископување.

Чилеква Мумба доби шестгодишна битка со рударската компанија „Веданта“, чии активности ја загадуваа реката Кафу во Замбија.

Делима Силалахи (Индонезија)

Делима Силалахи ги предводеше напорите на шест домородни заедници за стекнување законско старателство врз 7.213 хектари земја во тропските шуми во индонезиската провинција Северна Суматра.

Дајен Вилсон оствари значајна судска победа против „Формоса пластикс“, компанија одговорна за незаконско исфрлање отровен отпад во Заливскиот брег на Тексас и предизвикување штета на морскиот жив свет.

Теро Мустонен (Финска)

Теро Мустонен ги обедини традиционалното знаење на домородните луѓе Сами, западната наука и членовите на заедницата за да се заштитат и обноват огромните подрачја на тресетно земјиште во Финска.

Зафер Кизилкаја ја востанови првата локално управувана заштитена поморска област во Турција.

(Фото: Голдман)