ЅВЕЗДАТА НА „ХАРИ ПОТЕР“, ДАНИЕЛ РЕДКЛИФ, СТАНА ТАТКО

Лондон, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на „Хари Потер“, Даниел Редклиф, и неговата долгогодишна партнерка Ерин Дрејк го добија првото дете. Тие пред два месеца објавија дека чекаат бебе.

Веста за породувањето на Дрејк ја потврди публицистот на Редклиф, без да го открие полот на бебето.

Редклиф се прослави како 12-годишник кога дебитираше во улогата на Хари Потер. Тој и американската актерка се заедно од 2013, откако се запознаа на снимањето на филмот „Kill Your Darlings“, во кој го глумеше поетот Алан Гинзберг.