ХИП ХОП ЛЕГЕНДИТЕ „ОНИКС“ МЕЃУ ГЛАВНИТЕ ЅВЕЗДИ НА 13. Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарната њујоршка хип хоп група „Оникс“ ќе биде една од главните ѕвезди на 13. издание на Д фестивал во Дојран, што ќе се одржи од 30 јуни до 2 јули.

„Оникс“ доаѓа во Дојран во годината кога се одбележуваат пет децении хип хоп и 30 години од излегувањето на неговиот деби албум „Bacdafucup“, кој важи за едно од најдобрите рап изданија на сите времиња.

Групата е формирана во 1988 година, а во поставата моментално се оригиналниот член Фредро Стар и Стики Фингаз, кој се придружи во 1991. Тринаесеттиот студиски албум на „Оникс“ ќе излезе во почетокот на следниот месец.