СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ДОЈДЕ БРЕМЕНА НА МЕТ ГАЛА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Тениската легенда Серена Вилијамс го искористи појавувањето на Мет гала за да открие дека го чека второто дете со сопругот Алексис Оханјан.

„Бевме возбудени кога сите тројца нè поканија на Мет гала“, изјави 41-годишната Вилијамс пред фоторепортерите на црвениот тепих.

Минатата година, Вилијамс изјави дека сака да се оттргне од тенисот и да се посвети на проширувањето на семејството. Таа и Оханјан ја добија ќерката Олимпија во октомври 2017.

(Фото: Гети)