ЧАРЛС ЌЕ НОСИ ЗЛАТНИ ОБЛЕКИ НА КРУНИСУВАЊЕТО ТЕШКИ НЕКОЛКУ КИЛОГРАМИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Кралот Чарлс Трети ќе носи тешки златни облеки налик на свештенички на церемонијата на своето крунисување, што ќе се одржи претстојниот викенд. За време на службата во Вестминстерската катедрала, на кралот ќе се става слој по слој блескави одежди, од кои некои биле создадени за прадедо му Џорџ Петти. Во облекувањето ќе му помага принцот Вилијам.

Чарлс ќе носи долг капут наречен супертуника, кој тежи околу два килограма. Направен е во 1911 година од златна ткаенина и извезен со стилизирани арабески и цветни мотиви.

Врз капутот ќе носи и долга наметка од 1821 година наречена царска мантија, која тежи 3-4 килограми. И таа е направена од златна ткаенина.

Покрај целата тежина на церемонијалните облеки, на главата ќе има круна од 2,23 килограми.

Место да се прават нови, Чарлс одлучил да ги искористи појасот за мечот и ракавицата што ги носел дедо му Џорџ Шести.