ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ЗА 22. ОФФ-ФЕСТ, ГОДИНАВА УЧЕСНИЦИ ОД ЕВРОПА И АФРИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Почнаа да се продаваат билетите за 22. издание на фестивалот на музиката од светот Офф-фест, што ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. Оваа година ќе има осум концерти и ќе се прикаже еден документарен филм.

Фестивалот ќе го отвори славната португалска фадо пејачка Мисија, а во наредните денови ќе настапат естонската фолк кралица Мари Калкун, британско-италијанскиот тандем Џастин Адамс-Мауро Дуранте, култната чешка двојка Ирена и Војтех Хавлов, мароканската атракција „Баб Л‘Блуз“ и легендарното име на конгоанската румба Дизи Манџеку и неговиот бенд.

Листата учесници ја дополнуваат домашните музичари Зарина Првасевда и Крсте Роџевски.