ПОП ЅВЕЗДАТА ВИКЕНД ВЕЌЕ НЕМА ДА НАСТАПУВА ПОД ОВА ИМЕ

Торонто, (Би-Би-Си)

Канадската поп ѕвезда Викенд (The Weeknd) објави дека веќе нема да го користи ова име, туку своето родно име Абел Тесфаје.

Тој минатиот месец ги праша своите следбеници на Твитер дали би требало да ја направи промената и доби повеќе од 100.000 одобрувања. Промената на името доаѓа откако во едно интервју откри дека „сака да го убие Викенд“.

„Доаѓам до време и место кога сум подготвен да го затворам поглавјето Викенд. Како Викенд кажав сè што можев да кажам. Мојот следен албум ќе биде последен под тоа име“, изјави тој за списанието „В“.

Роден во Торонто, родителите на Тесфаје се имигранти од Етиопија. Тој се прослави откако почнал да објавува музика на Јутјуб во 2010, по што освои четири Греми награди и имаше повеќе од 45 платинести синглови. Во март 2023, Гинисова книга на рекорди го прогласи за најпопуларниот изведувач на светот врз основа на бројот на месечни слушатели на Спотифај – 111,4 милиони.

(Фото: Фејсбук)