ФИНСКИТЕ МЕТАЛ ЛЕГЕНДИ „АМОРФИС“ ВО НОЕМВРИ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најголемите фински метал бендови „Аморфис“ ќе настапи во Скопје во ноември во рамките на вториот дел од својата европска турнеја „Хало“. Концертот ќе се одржи на 2 ноември во Младински културен центар, во организација на „Пасворд продукција“, која своевремено го донесе „Аморфис“ и на Таксират.

Специјални гости на турнејата се еден од најпопуларните исландски метал бендови „Solstafir“ и „Lost Society“ од Финска.

Основан во 1990 како дет метал група, „Аморфис“ со тек на време го менуваше звукот, па денес е најблиску до мелодичен хеви метал стил. Основата на бендот ја сочинуваат гитаристите Еса Холопаинен и Томи Коивусери, а со сегашниот пејач Томи Јоутсен е од 2004 година.

„Хало“, кој излезе лани, е 14. студиски албум на групата за 30 години.

Продажбата на билетите почнува в петок, по промотивна цена од 1.000 денари.

Г. КОНЕВ