Непалски шерпас денеска се искачи на Монт Еверест по 27. пат, со што повторно го презеде светскиот рекорд. Педесет и тригодишниот Ками Рита Шерпа стигнал на врвот по традиционалната јужна маршрута, водејќи група странски планинари.
„Да, Ками Рита ја искачи Сагармата по 27. пат“, изјавија од непалското министерство за туризам, употребувајќи го локалното име на планината.
Рита, чиј татко бил меѓу првите шерпаски водичи, првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 и оттогаш го повторил тоа сите години освен во 2014, 2015 и 2020. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал.
Ова следува само три дена откако друг водич Пасанг Дева Шерпа се искачи на „покривот на светот“ по 26. пат, кога го израмни рекордот на Ками Рита.