СТАЛОНЕ ЛАНСИРАШЕ СВОЕ СЕМЕЈНО РЕАЛНО ШОУ

Њујорк, (Ројтерс)

Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне има нов проект – реално шоу со своето семејство. Сталоне, сопругата Џенифер и ќерките Софија, Систин и Скарлет тргнаа по стапките на други славни семејства, како Кардашијан и Озборн и дозволија камерите да влезат во нивниот дом и да ги следат нивните секојдневни животи.

Семејството Сталоне“ имаше премиера оваа недела на стриминг платформата „Парамаунт+“ и го следеше Сталоне на снимањето на ТВ-серијата „Кралот на Тулса“ и во домот со семејството.

Долго време сакавме да го направиме ова, малку да го споделиме нашиот живот, зашто е забавно. Ова исто така е порака дека без разлика колку си богат и среќен, сè уште ги имаме истите проблеми, желби, потреби и барања“, изјави Сталоне.

Запрашан да го спореди своето шоу со „Кардашијани“, Сталоне кажа:

Она што тие го направија беше брилијантно и оригинално, но ние имаме поинаков пристап. Не се обиудуваме никого да копираме, ние сме си ние“.

(Фото: Парамаунт+)