ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СЕДМАТА ТРКА „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Почна пријавувањето за седмата трка „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка Скопје, која ќе се одржи на 28 мај. За време на трката, улиците во центарот на Скопје ќе бидат ослободени од автомобили и целосно отворени за сите рекреативци со велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди и бебешки колички.

Сите кои сакаат да бидат дел од овој настан може да се пријават на следниот линк најдоцна до 27 мај, со што ќе добијат стартен број, маичка и можност да освојат вредни награди во лотаријата. Подигнувањето на стартните пакети почнува на 22 мај, а ќе се одвива пред просториите на Стопанска лизинг на улица Македонија.

Стартот на возењето е на Порта Македонија во 17 часот, од каде што учесниците се упатуваат кон Градски парк.