Со Вердиевата опера „Аида“, вечерва во Националната опера и балет (НОБ) завршува 51. издание на Мајските оперски вечери. Билетите се распродадени.
„Спојот на традицијата и визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија, ќе ја одведе публиката на патување низ древниот Египет, раскажувајќи приказна за љубовта“, најавува НОБ.
Ќе диригира Италијанецот Роберто Џанол, а настапуваат Марија Јелиќ (Србија), Валтер Фракаро (Италија), Сања Анастасиа (Србија), Игор Дурловски, Александар Стефаноски, Нико Исаков (Бугарија), Катерина Стојановска и Марјан Николовски. Балетски солист е Ивана Коцевска.
(Фото: М. Угарковиќ)