КИМ КАТРАЛ СЕ ВРАЌА КАКО САМАНТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“

Њујорк, (Гардијан)

Ким Катрал на кратко ќе ја репризира улогата на Саманта во втората сезона на „И едноставно така…“, серијата која е продолжение на „Сексот и градот“. Според „Вараети“, Катрал ќе се појави во една сцена, а својот дијалог го снимила без да се види со остатокот од екипата.

Катрал има зборувано за нејзините тензични односи со ѕвездата на серијата Сара Џесика Паркер и не беше вклучена во првата сезона. Во серијата глумат и Синтија Никсон и Кристин Дејвис, додека за ликот на Катрал беше кажано дека се преселил во Лондон и се оддалечил од групата поради несогласувања.

По шест сезони на хит-серијата на Ејч-Би-О и два играни филма, Катрал ја одби понудата да се појави во третиот филм, кој потоа беше откажан. Таа лани откри дека не ни била поканета да глуми во новата серија.

Втората сезона на „И едноставно така…“ ќе има премиера на 22 јуни на стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“.