ПЛАМЕН ТОТЕВ ГО ДОБИ ПОЧЕСНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2023 ЗА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАЗИК И КУЛТУРА ВО БУГАРИЈА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Добитникот на почесното Рациново признание за 2023 е Пламен Тотев (59), бугарскиот автор, литературен критичар и истражувач, издавач и текстописец. За издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија има издадено 55 книги од 34 автори, преведени од македонски на бугарски јазик.

Оваа награда се доделува за промоција на македонските јазик и култура надвор од државата. Тотев за Македонија е значаен поради неговото издаваштво и преведувањето на бројни македонски автори. Исклучително значаен автор кој работи на промоцијата на македонските култура и јазик во Бугарија“, кажа Ненад Витанов, член на Организациониот одбор.

60. Рацинови средби ќе се одржат од 9 до 15 јуни под мотото „Рацин без компромис“, со настани кои ќе се организираат и на отворено и во затворено. Годинава се одбележуваат 115 години од раѓањето на Коста Солев и 80 години од неговата смрт.

П. ПЕЧКОВ