Линда Хамилтон, легендарната Сара Конор од филмовите „Терминатор“, се придружува на екипата на хит-серијата „Чудни нешта“ за нејзината петта и последна сезона. Признавајќи дека и самата е голем фан на серијата, Хамилтон кажа дека не знае како е да се биде обожавателка и актерка во исто време.
„Ќе мора да поработам на тоа“, изјави 66-годишната Хамилтон.
Засега нема информации за ликот на Хамилтон.
Продукцијата на петтата сезона на „Чудни нешта“ и натаму е во застој поради штрајкот на холивудските продуценти, што почна на 2 мај, со што и чекањето до разврската на серијата би можело да потрае.
„Пишувањето на последната сезона почна лани, но продукцијата не може да почне додека Здружението на сценаристите на Америка е во штрајк“, кажаа авторите на серијата, браќата Дафер.
(Фото: Гети)