НОВИОТ „ИНДИЈАНА ЏОНС“ ВО СИНЕПЛЕКС ОД 29 ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Петтиот дел на „Индијана Џонс“, насловен „Повикот на судбината“, ќе игра од 29 јуни во скопското кино Синеплекс.

Светската премиера беше минатиот месец во Кан, каде што беше примен со долги овации од публиката. Филмот првпат беше најавен во 2018 и оригинално требаше да излезе во 2019.

Првиот филм од серијалот во чие создавање не учествуваа Стивен Спилберг и Џорџ Лукас го режираше Џејмс Менголд. Ова е последен пат 81-годишниот Харисон Форд да го глуми легендарниот авантурист, а во актерската екипа се и ѕвезди како Мадс Микелсен, Антонио Бандерас и Фиби Волер-Бриџ.