Том Круз конечно го лансираше седмиот дел на „Невозможна мисија“ на вчерашната премиера во Лондон. Тој го опиша „Dead Reckoning – Part One“ како најголемиот момент во серијалот досега.
На црвениот тепих му се придружија и другите ѕвезди на филмот Сајмон Пег, Хејли Атвел, Ребека Фергусон и Ванеса Кирби. Филмот, чие снимање беше попречено од пандемијата на ковид-19, доаѓа во кината на 12 јули.
„Дводелниот филм е кулминација на сите мои вештини и ветувам дека ќе биде епска авантура“, изјави Круз.
Неговиот лик Итан Хант сега е во потрага по ужасно ново оружје кое му се заканува на човештвото.
Сите досегашни филмови од серијалот имаат заработено над 100 милиони долари на светско ниво.
(Фото: Гети)