АРСЕНАЛ ЌЕ ПЛАТИ 105 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ДЕКЛАН РАЈС, РЕКОРД ЗА АНГЛИСКИ ФУДБАЛЕР

Лондон, (Би-Би-Си)

Арсенал се согласи да му плати 105 милиони фунти на Вест Хем за Деклан Рајс, кој со тоа ќе стане најскапиот англиски фудбалер во историјата. Договорот беше постигнат по третата понуна на Арсенал, откако Вест Хем беше дециден дека нема да прифати ништо по 100 милиони. Тоа го натера Манчестер сити да се откаже од трката по 24-годишниот плејмејкер.

Рајс произлезе од академијата на Вест Хем, каде што дојде од Челзи во 2014. Договорот со Вест Хем му истекуваше следната година.

Понудата на Арсенал се состои од почетните 100 милиони фунти, плус додатоци од пет милиони. На тој начин, Рајс ќе го собори рекордот на Џек Грилиш, кој премина од Астон вила во Манчестер сити за 100 милиони фунти.

Рајс постигна 15 гола на 245 натпревари за Вест Хем и заминува откако му помогна да ја освои Лигата на конференции, првиот европски трофеј на клубот по 43 години пауза.

(Фото: Гети)